02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Комбинација на јаглен, природен гас и биогориво замена за нафта

Комбинација на јаглен, природен гас и биогориво замена за нафта

Отфрлање на нафтата како извор на гориво и намалување на емисиите на стакленички гасови за 50% – не звучи како Америка која ја знаеме денес, но се чини дека иднината на оваа земја, а веројатно и на остатокот од светот, ке го одбележат синтетичките горива.

Научниците на Универзитетот Принстон објавија дека нафтата може да се замени со синтетички гориво кој е комбинација на јаглен, природен гас и биогориво.

Со воведување на синтетички горива, емисиите на стакленички гасови во земјата ќе се намалат за 50 отсто, а научниците порачуваат дека тие горива ке можат да се користат и во конвенционалните возила без посебни прилагодувања.

Професорот Christodoulos Floudas и неговиот тим најавиле дека и покрај многуте придобивки, замената на нафтата со синтетички горива нема да биде брза и едноставна. Но напоменуваат дека тоа е економски исплатлив начин за замена на нафтата. Според нивните проценки, на САД и се потребни помеѓу 30 и 40 години за целосно да се префрлат на синтетички горива, а вкупните трошоци на тој проект изнесуваат 1.100 милијарди долари.

Исто така се укажува дека техниката на производство на синтетички горива е измислена во Германија во 1920-тите години и е познат како процесот на Fischer-Tropschov. Инженерите и научници тој процес значително го усовршиле и значително е зголемена ефикасноста. Досега не се изградени централи за производство на синтетички горива бидејки цената на нафтата била “ниска”, а трошоците за изградба на такви погони се големи.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …