26.04.2024
Почетна / Uncategorized / Исцели се со кристали со Деко Македонски рубин

Исцели се со кристали со Деко Македонски рубин

Кристалотерапијата е една од најефикасните методи за превенција на здравјето со продолжен ефект. Таа вештина и уметност на поставување на кристалите, минералите и полудрагите камења на или околу себе со цел индицирање длабока релаксација, ослободување од стрес и болка и урамнотежување на физичкото и суптилното тело.

Кристалите се со природна енергија и тие се проводници кои се користат за проектирање и интензивирање на енергиите за исцелување а исто така помагаат на абсобирање и елиминирање на негативните енергии.

Дознајте многу повеќе за самоисцелувањето со кристалите и кој е оној кристал кој вам најмногу ви одговара на предавањето со врвниот македонски познавачат на моќта на кристалите, Деко Македонски рубин. На 10ти март со почеток во 19 часот во Центарот за здрава храна, ајурведа, јога и медитација, на „Св.Климент Охридски” бр. 48 во Скопје ќе се одржи кристалотерапија со најдобриот во оваа област, Деан Шкартов.

„Секое камче што ќе ви се допадне повеќе од другите е токму тоа кое ви е најпотребно во оваа фаза од вашиот развој. Со тоа започнува кристалотерапијата.

Целата природа, човекот, животните, растенијата, нашата планета, се околу нас е изградено од енергија. Оваа енергија може да се засили, да се оплемени и да се трансформира, да се концентрира и да се усмери во саканиот правец за да го забрза процесот на самоисцелување со кристали. Тоа е природен процес кој овозможува со помош на енергијата во кристалот да дојде до промена во телото, емоциите, здравјето“, се вели поканата.

Влезниците изнесуваат 199 денари, а за повеќе информации и пријавување на 070 358 871 и 070 358 455, или на е-меил: artoflivingmacedonia@gmail.com.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …