26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Што се случува со климата на земјата

Што се случува со климата на земјата

Временските непогоди предизвикани од промената на климата, во вид на загревања и заладувања ќе предизвикуваат сериозни проблеми на нашата планета во овој век, а првите знаци ги гледаме секојдневно – предупредуваат научниците. Шумските пожари во американската држава Колорадо, рекордно високите температури и ураганите во предсезоната ги уверија Американците дека климатските промени се реалност. Многу Американци во претходните години ги сметаа климатските промени за голема лага која е оддалечена од нив во времето и просторот, рекла Џејн Лубченко, директорката на агенцијата за океански и атмосферски истражувања NOAA.

Таа укажала дека работите се промениле и дека луѓето низ светот почнуваат да ја сфаќаат важноста на климатските промени кои оставаат последици во времето во кое живееме. Во САД дури сега можеме да видиме се повеќе и повеќе примери на екстремни временски случувања поврзани со климатски промени, наведува таа. Лубченко смета дека перцепцијата на луѓето почнала да се менува бидејќи го искусиле директното влијание на климатските промени. Дека Американците ќе имаат жешко лето, можело да се види уште по пролетните температури кои достигнале рекорд од кога е започнато водењето евиденција за темепературите од 1895 година. Во мај дошло до најголемите температурни отстапувања во историјата на мерењето, па во NOAA сметаат дека тие рекордно високи температури се драматично поинакви во односот на сите претходно забележани. Извор: weather4all.com

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …