Икебаната претставува традиционален цветен аранжман со потекло од Јапонија каде е позната под името “Kado”.
За нејзино аранжирање потребно е да користите секогаш свежо цвеќе. Таа има длабоки корени во филозофијатаи претставува симбол на убавината.
За прв пат почнале да се користат во будистичките храмови во десеттиот век, иако има докази дека икебаната се појавила во шестиот век.
Аранжирањето на икебаната се разликува од вообичаеното цветно аранжирање. Во западното аранжирање се користат многу цвеќиња во различни бои и форми аранжирани во многу слоеви. Јапонската икебана се фокусира повеќе на линеарноста со тоа што има три главни точки во својата структура кои симболизираат блаженство, земја и човек. Тие користат само по неколку цвета, понекогаш дури и само еден. Особено важен елемент е тродимензионалната перспектива.