01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Министерот Николовски во Брисел се сретна со Јержи Плева

Министерот Николовски во Брисел се сретна со Јержи Плева

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на 23.11.2017 година, во Брисел имаше работен состанок со генералниот директор за земјоделство и рурален развој во Европската комисија Јержи Богдан Плева.

На состанокот, од страна на Европската Комисија, присустуваа и директорот за рурален развој и претпристапна поддршка Марио Милушев, како и останати раководни лица при ЕК, надлежни за Република Македонија и за претпристапната поддршка за влез во Европската унија.

Генералниот директор Плева, позитивно го оцени големиот интерес  и бројот на доставени барања за користење на финансиски средства од ИПАРД 2014-2020 на првиот јавен повик 01/2017, и изрази надеж дека нема да се повтори искуството со искористувањето на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013. Тој порача дека за ефикасно искористување на финансискките средства од руралните програми, како што е ИПАРД, клучни се човечките ресурси и  функционалноста на  Платежната агенција.

Министерот Николовски го информираше г-дин Плева, дека за новата Влада на Република Македонија, членството во Европската унија претставува главен приоритет и во таа насока, веќе се направени анализи и се превземаат мерки се цел да има успешно спроведување на ИПАРД 2014-2020.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …