26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Почна новата реколта, се чекаат субвенциите

Почна новата реколта, се чекаат субвенциите

Тутунарите во земјава ја почнаа новата реколта. Се сади тутунот, се склучуваат договори и нестрпливо се очекува исплатата на субвенциите. Велат- сега им се најпотребни кога има големи трошоци, пишуваат од МРТВ

Околу 30.000 тутунарски семејства во земјава нестрпливо ги очекуваат субвенциите за откупениот тутун на стартот на новата реколта.

Семејството Пулиќ од Новоселани, долненско со аирлија го почна садењето. Велат, сега им се потребни субвенциите зашто трошоците се големи.

До крајот на месецов тутунарите ќе склучуваат договори со откупните фирми. Интересот за тутунопроизводство е на ланското ниво кога се откупија околу 25.000 тони.

Откупувачите, велат, ја исполнуваат обврската да ги снабдат кооперантите со семенски и репроматеријали.

Македонските тутунари очекуваат да им бидат исплатени околу 25 милиони евра субвенции.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …