28.04.2024
Почетна / Градина / 7. причини зошто е добро да јадеме млад кромид?

7. причини зошто е добро да јадеме млад кромид?

Освен што е одличен додаток во многу јадења поради својот карактеристичен мирис и вкус, младиот кромид е многу здрав бидејќи изобилува со витамини, минерални и антиоксиданси.
Содржи витамини А, Ц, К, како и витамини од групата Б.
1. Со оглед на фактот дека е сиромашен со калории, тој е одличен избор за оние кои внимаваат на витата линија на телото.
2. Иако може да го подготвувате на разни начини, за максимално да го добиете она што тој го нуди, најдобро е да го јадете суров заедно со долгите зелени листови.
3. Сулфурот во младиот кромид го намалува ризикот од настанување на коронарни срцеви заболувања. Витаминот Ц со кој изобилува, придонесува за намалување на холестеролот и крвниот притисок.
4. Алил сулфидот кој го има, значително го намалува ризикот од појава на тумор или карцином, а особено е силна заштита против ракот на дебелото црево.
5.Младиот кромид содржи и’ флавоноиди кои се моќни сојузници полни со антивирусни и антибактериски својства, односно е одличен природен лек против настински и грип.
6. Поради витамините А и Ц, младиот кромид го зајакнува имунитетот, го штити организмот од инфекции, воспалувања… добар е и за намалување на шеќерот во крвта.
7. Зелените листови покрај тоа што се добри за намалување на притисокот и воспалувањето на грло, одлични се и за намалување на стресот и чувството на замор.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …