26.04.2024
Почетна / Градина / Земја за цвеќе по рецептот на Индијанците

Земја за цвеќе по рецептот на Индијанците

Пластична вреќа од 10 литри од оваа земја чини осум евра На Академијата за градинарство во покраината Рајналд Пфалц веќе три години се испитува делувањето на плодната земја, посебно во одгледувањето на декоративните растенија и лозарството. Тестирањето покажа дека „Тера Прета” го врзува штетниот по околината јаглероден диоксид. Освен тоа, хранливите материи и водата многу подолго остануваат во почвата.

„Има многу предности: помалку се наѓубрува, помалку се наводнува. Тоа може да биде интересно и за оние на кои градинството им е хоби. Но, и за заедницата, градовите и општините, како и за јавната зелена површина, бидејќи на тој начин може да се заштедат пари. И тоа се многу интересни аспекти”, укажува Вернер Олих од Градинарската академија.

Кон крајот на годината ќе започне со работа големиот производствен погон кој би можел да покрие дел од растечката побарувачка на градинарските центри со црна земја по рецептот од Амазон.

Автор: Корнелиа Борман / Светлана Брик Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

извор: http://www.dw-world.de

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …