25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Каква лековита моќ има целерот врз нашиот организам?

Каква лековита моќ има целерот врз нашиот организам?

Целерот е растение кое претставува благодет за организамот. Потврдени се многу од лековитите својства кои ги има целерот врз организамот.

Последните истражувања покажуваат дека тој е особено корисен за смирување на стомачните грчеви и регулација на работата на желудникот и целиот дигестивен тракт.

Освен оваа лековита моќ, се истакнува и при лекување на болести на бубрезите и белите дробови. Од целерот можат да се користат и листовите и коренот.

Можете да го употребувате како салата, сам или во комбинација со други состојки. Исто така, целерот е добар и здрав зачин во сите видови јадења. Во организмот целерот има диуретско дејство, односно помага во детоксикација на телото. Свежо исцедениот сок од целер има особено добро дејство врз бубрезите, па така сокот од целер се препорачува кај луѓето кои имаат проблеми со бубрезите.

Најдобро е целерот да се конзумира свеж, бидејќи при сушењето се губат добар дел од неговите состојки па така дејството на сушениот целер е многу по сиромашно за разлика од салатата или сокот приготвени од свеж целер. Целерот е добар и безбеден и за дијабетичарите. Научниците сметаат дека секојдневното користење на целерот во исхраната може да помогне во намалувањето на вишокот килограми, па така целерот се препорачува како оброк плус во сите видови диети.

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …