28.04.2024
Почетна / Градина / Засадени повеќе од 30.000 садници во опожарниот предел во близината на опсерваторијата Кокино

Засадени повеќе од 30.000 садници во опожарниот предел во близината на опсерваторијата Кокино

Со масовно пошумување на 30.000 садници dm дрогерие маркт успешно ја заврши втората година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Засадени повеќе од 30.000 садници во опожарниот предел во близината на опсерваторијата Кокино

Со масовно пошумување на 30.000 садници на неодамна опожарениот предел во близина на опсерваторијата Кокино, компанијата dm дрогерие маркт успешно ја круниса втората година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“. Во акцијата за пошумување која се одвиваше на 3 декември 2023 учество зедоа речиси 200 вработени од dm, волонтери, како и стручни лица од ЈП Национални шуми, кои несебично го дадоа својот придонес кон обновување и зачувување на зелените површини на нашата земја.

Во овогодинешната реализација на еко-проектот компанијата инвестираше повеќе од 1.300.000, а самиот проект опфати 3 етапи. На 27 октомври оваа година со засадување на повеќе од 200 дрва училишниот двор, основното училиште Никола Вапцаров во Струмица доби целосно хортикултурно уредување. На 12 ноември оваа година во рамки на овој проект беа засадени повеќе од 400 стебла долж трим патеките во паркот Гази Баба во Скопје, локација која е чест избор за викенд прошетки со нашите најблиски. Исто така во рамки на проектот набавени се 1.000 контејнери за одгледување на садници, набавени за потребите на ЈП Национални шуми со што dm даде поддршка кон подобрување на работењето на оваа институција.

“Исклучително ни е драго што проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ наиде на огромна поддршка пред се’ од страна на вработените во компанијата кои го препознаа позитивниот карактер на овој проект и несебично го даваат својот придонес во сите наши активности. Огромна благодарност сакаме да изразиме и до институционалните партнери, како и од граѓаните кои доброволно се вклучија во секоја активност. Кога минатата година го започнавме овој проект целта ни беше истиот да прерасне во традиција која ќе се организира секоја година. Навистина сме среќни што успеавме во тоа и еве не’ денес после една година од минатогодишното пошумување со нови проекти и успешна реализација на истите. Главниот мотив за започнување на проектот лежи во стратешката определба на нашата компанија да придонесе за позелена животна средина и здрави навики кои ќе обезбедат подобро утре за нас и идните генерации” – изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер на dm дрогерие маркт.

За успешна реализација на проектот беа вклучени и своја поддршка дадоа институционалните партнери ЈП Национални шуми, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоенженеринг „Ханс Ем“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Паркови и зеленило и Град Скопје.

Како потсетување, проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ компанијата го започна во 2022 година како јубилејна активност по повод 10 годишното работење на dm на македонскиот пазар, кога беа реализирани донации во вредност од повеќе од 1.000.000 денари и беа посадени 27.000 садници на 10 хектари површина во скопско Миладиновци.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …