02.05.2024
Почетна / Градина / Напиток од само 2 состојки се бори против настинката: Го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и ги чисти синусите

Напиток од само 2 состојки се бори против настинката: Го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и ги чисти синусите

Ако и вас ве „фати“ сезонска настинка, искористете две природни состојки и за кратко време победијте ја настинката. Корисните ефекти на медот се добро познати на сите, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој навистина ќе ви помогне во сезоната на вируси.

Се верува дека овој природен напиток помага за зајакнување на имунитетот, при хронична кашлица, замор и ги прочистува синусите. Познато е дека медот е активатор на имунолошкиот систем, дека има антианемични и антисклеротични својства.

Благодарение на својот хемиски состав, влијае на формирањето на крвните елементи на црвените и белите крвни зрнца.

Од друга страна, циметот е богат со антиоксиданси и други корисни соединенија, а истражувањата покажуваат дека може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да штити од срцеви заболувања и да го намали воспалението.

Во 1 dl млака вода измешајте една лажица мед и две лажици цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Доколку сакате, можете да измешате само мед и цимет, без вода, пишува Story.hr.

Пијте го напитокот два пати на ден, по можност три дена по ред.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …