27.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Во гробница пронајдено вино старо 2000 години

Во гробница пронајдено вино старо 2000 години

Археолози при ископувања во гробница во градот Јантаи, Кина. Таму откриваат огромен глинен сад, полн со некаква течност. Течноста нема мирис, но откако се направени хемиски испитувања, станало јасно дека тоа е вино на 2000 години.

Виното не е погодно за пиење, бидејќи во текот на годините тоа го променило својот хемиски состав и веќе станало отровно. Но, за прв пат во поновата историја археолозите откриваат вино во глинен сад.

Слични наоди имало во бакарни садови, но последното откритие ги збогатува значително замислите на луѓето за минатото, за можностите на садовите од глина и квалитетите на вината во антиката.

Кина е древна земја и цивилизација. Не се знае какви тајни се уште се кријат во нејзината утроба.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …