13.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Убави вести ни доаѓаат од Националниот парк „Шара“: Балканскиот рис присутен на Шар Планина

Убави вести ни доаѓаат од Националниот парк „Шара“: Балканскиот рис присутен на Шар Планина

Убави вести ни доаѓаат од Националниот парк „Шари“ од Косово (Parku Nacional Sharri ), информираат од Facebook групата Пријателите на Шара. Минатиот месец близу врвот Ошљак (@MajaeOshlakut) е сликан балкански рис. Оваа слика ја сподели друштвото Греикоци од Призрен (Shoqata Greikoci) а веста до Пријателите на Шара стигна преку организацијата ERA group.

Се радуваме на овaa сликa особено што Ошљак е дел од планинскиот масив Шар Планина. Во очекување на прогласување на Шар Планина за национален парк во Македонија, процес којшто почна минатиот месец на високо институционално ниво, потсетуваме дека на македонскиот дел од Шар Планина не е регистрирано присуство на рис од 1995 година.

Балканскиот рис е најреткиот од деветте подвида на евроазискиот рис и исклучиво го населува Балканот. Според сознанијата, во природа постојат помалку од 50 возрасни единки, од кои најголем број живеат токму во македонските шуми. Поради оваа состојба, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) ова животно го смета за критично загрозено.

Види

Немате видено вакво лечење! Лежењето врз пчелните кошници лекува докажано!

Иван Милиќ од Кадина Лука повеќе од една деценија се занимава со пчеларство. Од првата …