23.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Еве кога од утре ќе можете да го прошетате вашето куче надвор

Еве кога од утре ќе можете да го прошетате вашето куче надвор

Сопствениците на кучиња ќе можат да ги изнесуваат своите животни надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од утре.

Според одлуката на Владата своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат, да задржат растојание од останатите лица без групирање.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …