13.04.2024
Почетна / Градина / Вести / ТУРБУЛЕНТНА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА ПРЕД НАС: Во периодот од 30 март до 1 април температурите ќе бидат за 10 до 12 степени над просекот

ТУРБУЛЕНТНА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА ПРЕД НАС: Во периодот од 30 март до 1 април температурите ќе бидат за 10 до 12 степени над просекот

Метео прогноза на Славчо Попоски

Пред нас е многу турбулентна временска состојба, најпрвин врнеживо, а во периодот од 30 март до 1 април и вистинско летно време со позитивно отстапување на температурите дури за 10 до 12 степени, што е премногу.

Температурите за време на викендот, како и за 1 април ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија тие ќе се искачат и до околу 30 степени. Не се исклучува можноста дури тие и да надминат 30 степени.

И во регионот ќе биде многу топло за овој период од годината, па така на повеќе места температурите ќе се искачат близу 30 степени, а понекаде тие ќе се искачат дури и до околу 33-34 степени.

Сето ова е поради влијанието на значително потоплата воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре над Македонија и над целиот Балкански Полуостров.

Токму овие промени многу неповолно ќе се одразат особено врз метеопатите.

Види

Сточар од Прилепско додека ги напасувал кравите, бил нападнат од мечка

Додека ги напасувал кравите на планината Мукос, прилепчанец бил нападнат од мечка и се здобил …