02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / СУВ СТУД ВО МАКЕДОНИЈА: Следните утра температури и под -10 степени!

СУВ СТУД ВО МАКЕДОНИЈА: Следните утра температури и под -10 степени!

Сув студ следува во следниот период во Македонија, односно до самиот крај на оваа недела. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Во петок и во сабота ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, информира Попоски.

Наутро ќе биде многу студено, па така температурите на повеќе места ќе се спуштаат близу -10 степени, а особено за време на викендот тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, што значи дека максималните дневни температури на многу места низ Македонија ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -4 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …