05.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Создавање на плодна почва

Создавање на плодна почва

Пред шеесеттите години од минатиот век, растенијата во стакленици и воопшто во заштитен простор, регуларно се одгледуваа на почва. Во денешно време, само неколкумина одгледувачи го користат овој начин на производство, односно користат почва за подготовка на смеските. Мнозинството е преориентирано на беспочвени смески. Беспочвените смески мора да обезбедат потпора, доволно количество воздух, хранливи елементи и влажност, исто како и почвата, со тоа што има разлика во додавањето ѓубрива или хранливи елементи.

Повеќето беспочвени смески содржат калциум, магнезиум, фосфор, сулфур, азот, калиум и некои од микроелементите, инкорпорирани како ѓубрива пред сеидба. Во текот на вегетацијата мора да се додадат азот и калиум. Проблемот со рамномерно распоредување на претсеидбените ѓубрива во смеската може да резултира со неуедначени приноси и на места тосични токсични нивоа на хранливи материи. Беспочвените смески бараат додавање на макро и микроелементите во течна форма, во текот на целата вегетација, што му дава на земјоделецот можност за подобра контрола на културата.

Количествата на макро и микроелементи може да се нивелираат и приспособуваат во текот на вегетацијата за да се постигне оптимален раст и развој на културата и воедно да се компензираат микроклиматските недостатоци. Апсорпцијата на минералните јони зависи од многу други фактори, покрај климатските. Ова пред се се однесува на капацитетот за катјонска размена, киселоста – односно релативната количина на водородни (H+) или хидроксилни (OH-) јони во медиумот за одгледување, како и на вкупниот алкалинитете на водата за наводнување.

Основни наспроти хранливи елементи

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …