25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Создавање на плодна почва

Создавање на плодна почва

Автор: проф. д-р Гордана Попсимонова

Независно дали се одгледуваат на почва или во услови на беспочвено одгледување, растенијата се исхрануваат со неоргански минерални материи.

Формирањето на овие материи во почвата е резултат на комплексни процеси. Минералите се ослободуваат од карпестата основа на почвата под долготрајното влијание на климатските промени.

Распаѓањето на органските материи, животни и микроби, исто така, ја збогатува содржината на минерални материи.

Растенијата ги апсорбираат минералните хранливи материи од почвата во форма на јони. Постојат повеќе фактори кои ја одредуваат достапноста на хранливите материи.

Јоните може да бидат слободни и достапни за апсорпција или, пак, да бидат врзани од други елементи во почвата. Во услови на превисока pH вредност на почвата (алкална почва) или прениска pH вредност (кисела почва), иако застапени во доволно големи количества во почвата, минералните материи не можат да бидат апсорбирани.

Поимот плодност на почвата се однесува на нејзиниот природен капацитет да обезбеди соодветни количества и прифатлив сооднос на хранливи материи за растенијата. Од друга страна, поимот исхрана на растенијата означува взаемно поврзани процеси со кои живите организми ја асимилираат храната и ја користат за пораст и замена на ткивата. Порано се сметаше дека порастот на растенијата е во директна зависност од плодноста на почвата, односно од тоа колку ѓубриво треба да се додаде за да се зголеми содржината на минерални елементи во почвата. Употребата на смески за беспочвено одгледување, опширните истражувања на хранителните култури, хидропониците, како и најновите анализи на растителни ткива укажуваат на нешто друго. Исхраната на растенија, како термин, ги опфаќа меѓурелациите на минералните елементи во почвата или беспочвениот раствор, како и нивната улога во растот и развојот на растението. Овие меѓурелации подразбираат баланс на основните и корисните хранливи елементи за оптимален развој на растенијата.

Улога на минералните материи

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …