03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Растение кое се бори против слабеење на видот

Растение кое се бори против слабеење на видот

Слабеење на видот

Оваа непријатна појава може да се редуцира со помош на некои од најпопуларните растенија кои имаат влијание врз очите. Меѓу нив се: очанка, глина, лапад, матичен млеч, морков и црница. Набројаните растенија дејствуваат со стимулирање и јакнење на очите и очните нерви.

Неколку докажани рецепти: Педесет г. очанка се поливаат со 300 мл врела вода и по ладењето се консумира до 3 пати на ден. 5 г матичен млеч се меша со 250 г мед и се чуваат на ладно. Се конзумира по 1 кафена лажица на ден., 40 г мед во 100 г минерална вода се капи по 1 капка во секое око вечер.

Катаракта (перде на очите) претставува забулувањето на леќата на окото.

Пристапот на светлина се намалува и со задебелување на преградата постепено видот делумно или целосно исчезнува. Пердето обично се појавува на едното око, но во повеќето случаи ги погодува и двете. Губењето на видот од перде се опоравува со хируршка интервенција. Иако денес медицината е толку напредната, што операцијата од оваа болест се смета за рутинска, ви нудиме традиционални хербални лекови за олеснување на симптомите. Билките кои влијаат благотворно се: глуварче, очанка, метличина, живовјак, трн, цикорија и хмељ.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …