27.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Природни начини на уништување на штетниците кај вашите собни растенија

Природни начини на уништување на штетниците кај вашите собни растенија

Неизбежно е инсектите или други видови непријатели еден ден да посетат дел од вашите растенија. Постојат природни начини за како да се справите со овие проблеми доколку се јават кај вашите собни растенија.

Тоа е особено важно во случај доколку во домот чувате мали деца или животни.

Првата заштита ќе ја овозможите откако ќе дознаете каде се наоѓа инсектот или штетникот. Тогаш задолжително треба да ја преместите саксијата на друго место, кое ќе подалеку од другите за да го спречите ширењето.

Во зависност од проблемот и решенијата би биле различни. Така да, доколку растението е нападнато од пајак може да го спречите со помош на матеница или вода (во однос 50-50) со тоа што ќе го испрскате или истуширате.

Мушичките можете да ги контролирате преку миење на листовите на растението со вода. Друга препорака е да се убијат неколку мушички и остават на дното на саксијата. На тој начин живите мушички нема да се доближуваат до саксијата и ќе ја избегнуваат во знак на опасност. Ова беа две најкористени природни методи за едни од најголемите штетни посетители, но според многу истражувања постојат и други природни решенија за многу видови на инсекти или непријатели кои може да го нарушат здравјето на растението.

 

 

Види

Земи лук, стави го на фластер и залепи го на кожата! Еве што ќе се случи

Лукот е еден од најдобрите природни лекови кој може да се менува место класичните антибиотици. …