03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Природни маски за лице: Со нив кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна

Природни маски за лице: Со нив кожата е далеку побезбедна, поефтина и подостапна

– Една жолчка од јајце измешајте со сок од половина лимон. Нанесете на лице и оставете да дејствува 20 минути. Отстранете ја маската со памук натопен во топло млеко.

– Изрендајте една јаболка и исцедете го сокот од неа. Со него мачкајте го исчистеното лице, вратот и деколтето. После 20 минути исплакнете со млака вода и нанесете крем за секојдневна употреба. После извесен период тенот станува посвеж, кожата затегната, а брчките помалку видливи.

– Исцедете сок од еден лимон и додајте млака вода. Два пати дневно натопете ги прстите и ставете на брчките. Оставете да делува по 5 минути и потоа исплакнете со ладна вода.

– Излупете и изрендајте еден компир. Оваа смеса без никакви додатоци нанесете ја на лице. Држете 20 минути, а после тоа исплакнете со млака вода. Ова е многу едноставна природна маска која ќе и ја врати влажноста на кожата. Содржи витамин Е и Ц и така го спречува настанувањето на брчи и стареење на кожата.

Маска против дамки/флеки:
– Убаво измијте еден лимон и изрендајте една лажица од кората. Додајте една лажичка овес, една жолчка од јајце, една лажица мед и една лажица млеко. Добиената смеса нанесете ја на лице и држете ја 15-20 мин. Исплакнете со млака вода.

Лосион против акни:
– Измешајте сок од еден лимон, една лажица мед и 200 мл вода. Нанесувајте од оваа смеса неколку пати на ден врз акните.

 

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …