Напомнувам дека од склучителната важност е врската помеѓу светлината, температурата и ѓубрењето. Овие параметри мора да се секогаш избалансирани меѓусебно. Голема грешка може да се направи доколку се хранат растенијата со многу Азот во зима. Откако има помалку светлина и е ладно, растението може да развие слаби и стебла и листови, и да биде нападнато од инсекти и други болести.
Запомнете ги Јин и Јанг за воспитување на орхидеите! Секогаш земајте ги во предвид одделните делови во равенката – светлина, температура, вода, ѓубриво и циркулација на воздухот! Тие се директно меѓусебно поврзани! Треба секогаш да останете во совршена рамнотежа помеѓу овие параметри!
Конечно, не заборавајте дека растенијата имаат исклучителна потреба од магнезиум (Mg). Тој е важен за растенијата, како Железото што е за нас самите. Бидејќи многу од ѓубривата на пазарот не содржат магнезиум или пак содржат екстремно малку, потребно е да се додава магнезиум сулфат.
gradina.mk Gradina