16.12.2025
Почетна / Градина / Oдгледување на орхидеи

Oдгледување на орхидеи

1. Употребата на кондуктометар. Станува збор за еден мал апарат, кој ни овозможува да дознаеме, колку јони им нудиме на нашите растенија. Секако податоците од кондуктометарот ни покажуваат само електрични соли растворени во водата во форма на подвижни јони, а не ни даваат квалитетна карактеристика на овие јони. Покрај тоа, не може да измерат органските соли, и уреата воопшто не може да биде фатена. Во пракса, треба да ја измериме прво водата со која ќе вршиме наводнување на орхидеите, па потоа почнуваме да додаваме ѓубрива, така што ќе ги постигнеме саканите вредности. Во зависност од потребата и од периодот може да се смета за оптимална електрична спроводливост од 300-400 microSiemens. Но, ако сакаме да побрз напредок на растението, можеме да достигнеме дури до вредности 600-800 microSiemens.

2. Постои и еден економичен и лесен начин да се пресметаат количините на ѓубрива во нашиот раствор. Станува збор за пресметување на честички во ppm (делови на милион). На пример, кога користиме 5 грама од ѓубриво со NPK 20-20-20 за 10 литри вода и сакаме да се пресмета Азот како ppm: – 5 * 20/100/10/0, 001 = 100 ppm.

Истата пресметка може да се направи и за фосфор и калиум, но прво треба да се пресмета која е точната вредност (а не да се зема онаа на оксиди). Лично јас ставам 100-150 ppm N со секое напојување за време на вегетативна раст, имам информации дека големи производители применуваат постојано по 200-250 ppm N, со неколку “напумпани” дози до 400 ppm N. Што значи дека во зависност од нашите потреби се користи Азот во концентрација од 100 до 200 ppm. Секако во периодите на активна вегетативна раст, може да го зголеми вредноста и соодветно да се намали во зима.

Види

Kако од бајките: Минијатурни градини кои ќе ви донесат посебна магија дома

Минијатурни градини како од бајките кои ќе донесат посебна магија во вашиот дом