Почетна / Градина / Вести / Николовски: Го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште, 318 договори се склучуваат за јавниот повик за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари

Николовски: Го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште, 318 договори се склучуваат за јавниот повик за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари

Вкупно 318 договори ќе се склучат за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Потпишувањето на договорите започна од денеска. На денешното потпишување министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека со овој јавен повик се доделуваат вкупно 600 хактари земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари.

За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овој повик земјоделците имаа можност самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик, за земјиште за кое имаат информација дека е слободна земја.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со транспаретна поделба на државното земјоделско земјиште под закуп. Ме радува што интересот за овој јавен повиук беше огромен, и досега ова е најголема бројка на склучени договори. Доставените понуди се однесуваат на земјоделско земјиште во државна сопственост во 33 региони во државата. Овој јавен повик се однесуваше на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари кое се од 4 до 8 катастарска класа, односно парцели кои се со понизок квалитет,  но сепак може да се искористат за земјоделско производство. Нашата цел преку овој повик беше да го ставиме во функција целото расположливо земјоделско земјиште, вклучително и оние парцели што не се актрактивни“,  изјави Николовски.

Земјиштето за кое што се склучуваат договори може да се искористи за  подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

МЗШВ на овој начин создава поволни услови за сите земјоделци кои се занимаваат со земјоделство и за оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да дојдат до земјоделско земјиште.  Истовремено, преку ваквиот тип на повици директно се зголемуваат обработливите земјоделски  површини.

Изминатиов период се склучија и 17 договори со вкупна инвестиција од  11 милиони евра за огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, т.н инвестициски оглас. Вложувањата таму ќе бидат во следните пет години, а ќе се инвестира во изградба на винарии, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри. Паралелно МЗШВ објавува нови јавни огласи. Во моментов во владина процедура се два јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 и над 3 хектари, и до крајот на месецов ќе бидат објавени. Воедно се подготвува и нов инвестициски оглас.

Види

Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал

Од денеска до 15- ти јули, сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен, (насаден …