29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Како изгледа новиот парк Ибни Пајко во центарот на Скопје?!

Како изгледа новиот парк Ибни Пајко во центарот на Скопје?!

Паркот Ибни Пајко се наоѓа во центарот на Скопје на левата страна од реката Вардар на влезот на Старата Чаршија. Во срцето на некогашното Пајко Маало, во близина на некогашната Ибни Пајкова Џамија, овој простор меѓу Даут Пашиниот Амам и зградите на НОБ, Филхармонија и МБУЦ долго време беше запуштен и користен како неуреден паркинг.

По неговото уредување како зелен простор, тој зафаќа повеќе од 11.000 m2 исполнети со урбана опрема, летна сцена, пешачки патеки, сервисна улица, улична уметност, старо и ново зеленило…

Oвој простор е уреден и зазеленет преку годишните програмски средства на Градот и градските јавни претпријатија (зазеленување, садници, поплочување, урбана опрема) и на него се потрошени нула денари преку посебни јавни набавки. За осветлување на просторот поставени се канделабрите од Плоштадот Македонија пред последното реновирање во 2015.

Проблемот со зеленилото во Малиот Ринг во Скопје се влошуваше и пред започнувањето на тнр. “Проект Скопје2014”, за по неговото завршување зелените површини да бидат намалени за повеќе од 40%, а волуменот на крошните намален за 27%. Паралелно со овој процес, растеше и проблемот со аерозагадувањето во овој дел од градот, па оттаму и потребата за зазеленување и хуманизирање на нови простори во најсторгиот центар на Скопје.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …