17.05.2024
Почетна / Градина / Неколку часа по смртта на негувателот на жирафите во Скопје ЗОО, почина и последната жирафа

Неколку часа по смртта на негувателот на жирафите во Скопје ЗОО, почина и последната жирафа

Откако денес јавноста ја затекна веста дека починал Ристе Трајковски, ЗОО негувател, кој се грижеше за жирафите во скопската зоолошка градина, попладнево доаѓа друга лоша вест од ЗОО Скопје.

Неофицијално, пред неколку часа починала и последната жирафа во зоолошката, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на извори од градината.

Извори од зоолошката за „Фокус“ велат дека не можат да зборуваат официјално за настанот и угинувањето на жирафата Флопи, бидејќи не се овластени да даваат изјави за медиуми, а пак директорот Зоран Поповски не одговорил на трлефонските повици. Низа на немили настани се случија периодов во институцијата. Од салмонела почина жирафата Каспер, со силен брзоделувачки отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми-ЕАЗА.

Се очекува официјално соопштение од зоолошката, по повод последните настани.

Види

Oдличен вкус, малку калории и многу витамини: Зошто е корисна марулата?

Марулата е зеленчук типот зелена салата, кој му припаѓа на семејството на салатите. Одамна е …