Почетна / Совети / Oдличен вкус, малку калории и многу витамини: Зошто е корисна марулата?

Oдличен вкус, малку калории и многу витамини: Зошто е корисна марулата?

Марулата е зеленчук типот зелена салата, кој му припаѓа на семејството на салатите. Одамна е позната во европските земји, но само во последните години ужива голема популарност и кај нас. Марулата се карактеризира со одличен вкус, малку калории и многу витамини.

Марулата е многу добар извор на фолна киселина, но содржи и мали количини на витамин Ц. Најтемните надворешни листови се богати со бета каротин. Количеството на витамините Е и К во овој зеленчук се повеќе отколку кај секој друг. Марулата содржи уште калциум, витамини Б и ПП.

Најчесто марулата се користи како главна состојка во салатата “Цезар”. Таа може да се комбинира многу добро со различни производи. Може да биде конзумирана со маслиново масло и оцет.

Содржи околу 90% вода, што значи дека е и доста нискокалорична.

Редовното консумирање го намалува ризикот од некои видови рак (особено на желудникот), го намалува ризикот од развој на анемија и кардиоваскуларни болести. Се препорачува да биде вметната во менито за бремени жени.

Види

10 прекрасни градинарски дизајни кои ќе ви помогнат да го реконструирате вашиот двор

10 прекрасни градинарски дизајни кои ќе ви помогнат да го реконструирате вашиот двор