27.04.2024
Почетна / Градина / Лек / Народни обичаи: За да не ве боли главата, употребете го ова …

Народни обичаи: За да не ве боли главата, употребете го ова …

Глава- болење (главоболка). – за да не ги боли главата преку летото во текот на месец мај ставаат пијавици на тилот и тоа и машките и женските. – Некои наместо пијавици употребуваат рукчијна. Има специјална справа со која се дупи кожата на неколку места на тилот, потоа на секое дупче се става по едно рукче со прободен врв. Низ тоа дупче се исцицува сиот воздух и дупчето брзо се затвора со прстот. Потоа крвта ќе потече низ тој безвоздушен простор и кога рукчето ќе се наполни со крв само се одделува од кожата. На едно лице му се ставаат 5 до 8 рукчиња.

Против главоболка се употребуваат и овие лекови: се истолчува кромид и се врзува на челото или шамивче се наквасува со оцет и се врзува на челото и слепоочниците. Некои на темето ја ставаат и таа павлака што се фаќа по ќупот во кој се чува оцет, а на тилот квасец измешан со оцет и толченио семе од синап. Некои толчат компир и кромид, а некои варат и штирак и сето тоа го врзуваат на челото. Најпосле некои расекуваат лимон го посипуваат со кафе и тоа го врзуваат на слепоочниците.

Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927.

Види

Земи лук, стави го на фластер и залепи го на кожата! Еве што ќе се случи

Лукот е еден од најдобрите природни лекови кој може да се менува место класичните антибиотици. …