Веќе влеговме во најстудените месеци во годината, да во моментов е прилично студено и ветровито но се е во рамките на просекот како за овој дел од годината. Сме знаеле да имаме и по жестоки зимски услови за ова наше подневје во минатото. Но ете што е тука е сепак зима е.
Судејќи според моделите АНТИЦИКЛОНОТ над Македонија ќе продолжи и во наредниот период, а тоа подразбира дека се некаде до 16/1, кај нас не се очекува никаква промена што значи ќе продолжи периодот на претежно стабилно и суво време без никакви врнежи. Дневните температури дури во следниот период ќе бележат теденција на благо постепено покачување. Вистински снег и сибирски студ каков што знае да се појави во овој период од годината, од сега гледано нема на видик во следните 10 до 15-тина дена, ако не и подолго.
Автор: Денис Муховиќ
gradina.mk Gradina