22.05.2024
Почетна / Градина / Вести / НАЈАВА ЗА ПОСТУДЕН ВОЗДУШЕН БРАН: Ќе има локални врнежи од дожд и снег, а потоа и појава на утрински мразеви!

НАЈАВА ЗА ПОСТУДЕН ВОЗДУШЕН БРАН: Ќе има локални врнежи од дожд и снег, а потоа и појава на утрински мразеви!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува, и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег.

Во текот на утрешниот ден ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што од север ќе започне спуштање на постудена воздушна маса. Повремено ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час, особено Долж Повардарието. Ветерот ќе продолжи и во текот на ноќта кон среда, кога ќе започне и разведрување и повлекувње на облачноста во Македонија.

Токму поради разведрувањето, и стабилизирањето на времето, во среда и во четврток на повеќе места низ Македонија се очекува појава на утрински мраз, кој секако особено лошо ќе влијае врз веќе расцветаните овошки.

Температурите во среда и во четврток во утринските часови ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, а на високите планински места тие ќе се спуштат дури и под -5 степени.

Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, а најсвежо преку ден ќе биде утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 14 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со повремен локален дожд во текот на утрешниот ден и со засилен ветер од северен правец.

Види

ВО ВЕЛЕСТОВО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА НАТУРА 2000

Вчера, во потенцијалното подрачје на Натура 2000 во близина на село Велестово во Националниот парк …