29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Најголемиот рак во светот – „Astacopsis gouldi“

Најголемиот рак во светот – „Astacopsis gouldi“

Реките во Тасманија, се дом на најголемиот слатководен вид рак во светот. Латинското име му е „Astacopsis gouldi“.

Во минатото, овој вид рак достигнувал повеќе од 80 сантиметри во должина и бил тежок повеќе од пет килограми, но сега се помали и нивната тежина изнесува најмногу 2 килограми.

Тие живеат во северниот дел на Тасманија, во многу чиста вода, чија температура не паѓа под 18 степени целзиусови. Бојата може да варира од кафена да зеленикаво-сина. Но, постојат сини поединци. Овој вид на рак е познат по тоа што може да живее и до 40 години.

Имаат многу долг репродуктивен процес. Репродуктивна возраст кај мажите се случува на 9 години, а кај женските – 14 години. Одгледување на подмладокот се случува еднаш во две години.

Поради се повеќе присутниот риболов во реките и земјоделските човечки активности со кои се намалува квалитетот на водата во реките, овие ракови се повеќе се намалуваат. Австралиската влада донесе закон за забрана на фаќање рак без специјална дозвола, а за оние кои ќе го прекршат законот паричната казна е $ 10 000.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …