27.04.2024
Почетна / Градина / Микроелементи потребни за растенијата (прв дел)

Микроелементи потребни за растенијата (прв дел)

Железо: потребно е за многу ензимски функции и претставува катализатор за синтеза на хлорофил. Од исклучително значење е за младите делови на растението во раст.

Симптомите за недостаток на железото се бледа боја на младите листови, проследено со масовно пожолтување на листовите, особено во долгите жилки. При поголеми вредности на pH – алкални почви, железото станува недостапно за растенијата. Кога почвата е алкална, железото може и да е во поголеми количини, но да не се апсорбира од растенијата. Употребата на додаток формула со кисела реакција, содржи хелатно железо во растворлива форма и може да го поправи проблемот.

Магнезиум: учествува во ензимната активност за фотосинтезата, дишењето и азотниот метаболизам. Недостатокот формира мрежа на зелени жилки со светло зелена боја на листовите и е сличен со недостатокот на железо. Во напредната фаза светлите делови стануваат белезникави, а листовите опаѓаат. Можат да се појават кафеникави, црни или сивкави дамки во близина на жилките. Во неутралните или алкални почви и подлоги растенијата често покажуваат симптоми на недостаток на магнезиум. Во силно кисели почви и подлоги, магнезиумот може лесно да предизвика токсикоза.

Бор: потребен е за формирање на клеточните ѕидови, за интегритет на мембраната, а може да биде корисен и за преместувањето на шеќерите. Борот влијание на најмалку 16 од функциите на растенијата. Тие го вклучуваат цветањето, развојот на поленот, плододавањето, делбата на клетките, водните врски и движењето на хормоните. Борот треба да е достапен во текот на целиот живот на растението. Недостатокот на бор убива мозолчиња, листовите растат близу, збрчкани се и нежни. Плодовите, грудките и корените се безбојни, испукани и покриени со кафеави дамки.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …