Почетна / Градина / Вести / Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

На ден 01.11.2018 година, Државниот инспекторат за земјоделство организираше акција за спречување на рибокрадци. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека во водите на Охридското езеро се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.

Целта на акцијата е сузбивање на погоре наведените состојби. Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 кг. Одземени се 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м.

Воедно запленети се и 20 мрежи за лов на белвица со димензии 28X28 мм со вкупна должина од 1000м. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител.

При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 гр кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското езеро.

Сакаме да потенцираме дека успешноста на овој надзор – контрола се должи на несебичното залагање на секое овластено лице од ДИЗ, припадниците на езерската полиција, како и високиот степен на дискреција при организирање на истата.

Види

Со вода и суво грозје ќе ги исфрлите сите отрови од телото за четири дена (рецепт)

Црниот дроб е голем орган во нашиот организам кој се наоѓа во горниот дел од …