02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Матичен млеч – совршена супстанца и силен биостимулатор, биоенергетик и имуномодулатор

Матичен млеч – совршена супстанца и силен биостимулатор, биоенергетик и имуномодулатор

Се смета дека матичниот млеч е најсовршена супстанца во природата и најсилен биостимулатор, биоенергетик и имуномодулатор.

Матичниот млеч е единствен природен производ кој има преку 150 биолошки активни состојки: ги содржи сите пет главни хранливи материи кои го изградуваат животот – белковини, масти, јаглени хидрати, витамини од групите B, витамин E и С, најважни минерали, ензими, коензими, 23 аминокиселини меѓу кои и осум есенцијални.

Посебното својство на матичниот млеч е во тоа што тој влијае на ниво на клетката, врши детоксикација, ја стимулира нејзината функција и нејзината делба.

Матичниот млеч е единствен природен производ кој има способност да ги регенерира клетките, да ги обновува и подмладува. Го стимулира и растењето и развитокот на организмот и го успорува неговото стареење. Матичниот млеч дејствува на сите делови на нашиот организам: на нервите, мозокот (концентрација, способност за паметење, учење, координација на движењето), го зајакнува имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста бидејќи биостимулаторите кои ги содржи ги поттикнуваат антителата и леукоцитите.

Ја зголемува подвижноста и циркулацијата а со тоа поволно влијае на кардиоваскулаторниот и нервниот систем, го ублажува уништувањето на нервните клетки, го нормализира крвниот притисок, го забавува процесот на атеросклерозата, појавата на проширените вени, инфарктот, и го забрзува оздравувањето од веќе постоечките кардиоваскуларни заболувања. Матичниот млеч ја стимулира работата на жлездите со внатрешно лачење и ги намалува ризиците за појава на многу болести. Дејствува на тиреоидната жлезда која го регулира метаболизмот и така помага во балансирање на метаболизмот.

Ја обновува функцијата на панкреасот и потпомага во природното лачење на инсулинот, а ги санира и психичките пореметувања настанати од дијабетесот. Го нормализира хормонскиот статус кај жените и мажите и помага во отстранување на причината за стерилитет. Како друга корисна функција е и поволното дејство врз работата на надбубрежните жлезди и лачењето на адреналинот, што влијае на зголемување на отпорноста на стресот и ги смалува последиците од истиот. Влијае на подвижноста на ‘рбетниот столб и ги намалува болките настанати со пореметување на ‘рбетниот столб. Го зајакнува нервниот систем и влијае на подобрување на психичката состојба и општото расположение. Ја забрзува детоксикацијата на организмот, ги санира последиците од радиоактивноста и ја подобрува општата виталност на организмот.

Матичниот млеч можат да го користат сите без разлика на годините и здравствената и психичката состојба, а посебно се препорачува на сите кои се изложени на умствени и физички напори и работат во екстремно тешки услови. Матичниот млеч тешко се чува: кога ќе се извади од кошницата трае само 48 саати, ако се стави веднаш во мед може да стои 7 дена, а потоа главните својства, т.е. неговата биоактивност се губи, но одредени својства може да се задржат и до година дена. Заради сите овие својства кои ги има матичниот млеч научниците дури триесет години работеле на тоа да пронајдат начин како да се сочува матичниот млеч повеќе од 7 дена. Така Руската академија на науки во почетокот на деведесетите години успеала со посебен метод на лиофилизација да го одвои и сочува во облик на гранули со гарантиран рок на употреба до две години.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …