01.05.2024
Почетна / Градина / Малото езерце или водниот елемент во градина

Малото езерце или водниот елемент во градина

Езерцето во градината претставува сон на љубителите на градини, а во денешно време присуството на воден елемент во градината е скоро задолжително, бидејќи водата како еден од природните елементи внесува посебна динамичност и живописност на пејзажот.

Водните градини, како основен елемент на пејзажот за прв пат се забележани во древна Персија, а најмногу денес се употребуваат во традиционалните кинески градини.

До почетокот на индустријализацијата на општеството водата во градините била обезбедувана по природен пат најчесто преку канали, водоисточници, дури и преку големи градежни градби на каскади.

Индустриската револуција доведува до модернизација на градините со тоа што дозволуваат повторна употреба на водните ресурси. Денес таа претставува и архитектонско решение и е составен дел во дворовите.

Водните градини се разликуваат по големина, длабочина, обликување, присуство или отсуство на дополнителни елементи и друго.

Во зависност од потребите во приватните дворови и градини езерата се релативно плитки и со ограничени димензии поради тоа што има ограничен простор за организирање на водната градина и поради барањето на повеќето водни растенија за одредена длабочина на водата.

При обликувањето на водната градина важи правилото дека ако во неа и околу неа не се засадени водни, тоа е чиста загуба на простор и напор. Убавината и ефектот од водната градина доаѓа со декорација на просторот.

Главна улога во украсите на влажните делови играат растенијата како ирисот, баданот и слично. Доколку се решите за мало езерце во вашиот дом, бидете сигурни дека ќе ви создадат чувство на хармонија и убавина и ќе ви ја оживее градината.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …