25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Копарот има чудесна моќ, a за Швеѓаните, тој е национален зачин

Копарот има чудесна моќ, a за Швеѓаните, тој е национален зачин

Копарот (Anethum graveolens L.) е распространет низ целата земја. Се одгледува како култивирано растение. Корисен дел се плодовите кои се берат во есен, кога созреваат целосно. Се користат и листовите.

Во својот хемиски состав содржи етерични масла, протеини, кумарини, органски киселини и др. Плодовите на копарот го зголемуваат стомачниот сок, ја засилуваат перисталтиката на цревата и ги отстрануваат гасовите. Дејствува пикочогоно и аналгетично. Го зголемува мајчиното млеко.

Иако помалку, го намалува крвниот притисок. Се користи и во прехранбената индустрија. Околу 1 лажичка се става во 300 мл врела вода. Се остава да кисне околу 1 час. Потоа се прецедува и се пие по 1 чашка пред јадење, 3 пати на ден.

Копарот е едногодишно растение со краткотраен живот, кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште Старите Римјани сметале дека копарот има мистериозна, чудесна моќ. Старите Грци ја гореле за да добијат ароматично масло од копар. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копра за да бидат силни и издржливи. Во древниот Вавилон коперот служел како лек. Голема популарност копарот добил во текот на 16 век во Фиренца и Болоња за време на Катарина Медичи. Копарот бил користен и како составен дел во подготовката на љубовен напиток, а исто така и во спречувањето на црна магија.

Свежиот копар има силна арома и слатка, зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички, стерилизирани краставици, таратор. Тој е погоден за зачинување на риба, јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка), на лиснати супи. За Швеѓаните, копарот е национален зачин.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …