Чај против малаксалост
Се подготвва така што во 200 мл. вода се уфрлува прстофат или два суви листови еукалиптус и се остава да врие неколку секунди. Потоа се тргнува од ринглата и се остава да стои 10. минути. Малку изладениот чај се процедува и се пијат две до три шољи дневно.
Како се користи маслото?
Етеричното масло на еукалиптусот посебно се препорачува за инхалација на воспалени синуси и при потешки настинки. Се подготвува така што 10. капки се додаваат во сад со врела, но не вода што врие. Инхалирањето се врши со помош на длабоки вдишувања на пареа, неколку пати дневно, 10. – 15. минути.
Маслото е корисно и против кариес, каменец, воспалување на непцата и инфекција на усната шуплина бидејќи успешно ги уништува сите микроби. Поради тоа се става во пастите за заби, водичките за освежуавње на здивот и разни дентални производи.
Совршено средство е за чистење и подмладување на испуканата кожа на рацете и стопалата. Во топла купка се става прво малку морска сол,а потоа и неколку капки масло од еукалиптус. Во таа купка држете ги рацете или стопалата, 10. до 15. минути, најдобро навечер пред спиење..
Неколку капки масло од еукалиптус измешано со кокосово или маслиново масло исклучително ја негува косата. Ако оваа мешавина ја втриете во коренот на косата ќе се ослободите од перутот, ќе ја смирите иритацијата на кожата на главата, а здравата коса ќе има уште поубав сјај.
Лекува настинки, намалува нервоза, ублажува депресијa …
страни 1 2
gradina.mk Gradina