Буквално сите прогностички материјали укажуваат на тоа дека во најголем дел од овој месец ќе имаме релативно ладно време со потпросечни температури на воздухот, а нов ладен бран од Сибир Балканот ќе го зафати уште во почетокот на следната седмица и повторно ќе донесе невообичаено ладно време за октомври кога повторно растат условите за минусни температури и за појава на утрински мразеви. Не се исклучува можноста со овој нов ладен продор од Сибир следната седмица повторно да се создаваат услови за појава на врнежи од снег, особено на повисоките и на планинските места а не се исклучува можноста по некоја снегулка повторно да се појави и на местата со помала надморска височина.
Што се однесува до времето во ноември месец, исто така очекувам чести продори на ладен воздух од Сибир кон Балканот и Македонија како и температури кои ќе бидат околу, повремено и потпросечни за ноември. Ла Ниња е доста активна на Пацификот па токму поради ова имаме вакво невообичаено ладно време уште од октомври месец и со појава на врнежи од снег.
Судејќи според моменталните излези на прогностичките материјали, појава на врнежи од снег на повеќе пониски места може да очекуваме уште од месец ноември. Инаку, месец ноември на Балканот ќе биде поврнежлив со натпросечно количество на врнежи.
Метео прогноза на Славчо Попоски
gradina.mk Gradina