01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Која е македонската компанија што хортикултурно ги уредува познатите грчки комплекси на Халкидики

Која е македонската компанија што хортикултурно ги уредува познатите грчки комплекси на Халкидики

Во 1991 год. како резултат на успешноста во работата во бизнисот со цвеќе, но и неспремноста во која се затеков по распадот на еден систем, решив да ја основам фирмата Хорти Експерт МК, раскажува Филков за форумот на Логин Системи.

На почетокот со скромни амбиции и со неколку вработени, но со многу труд и работа и секако желба за успех, успеав мојот бизнис со хортикултурно уредување да го инкорпорирам на пазарот во Грција.

Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам.

Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Опкружен со море од ајкули, јас како една мала риба се борев чесно, знаејки дека ништо не доаѓа само по себе, дека мора да го постигнам сам па така успехот беше неминовен.

Успеси и резултати

… во Вотерленд Солун, комплексот Сани Бич Халкидики, Порто Центар Солун Космос трејд центар …

Потписот на уметничките творби или дворови создадено од Хорти Експерт МК може да се види во: Вотерленд во Солун, комплексот Сани бич на Халкидики, Порто центар во Солун, Космос трејд центар, автопатот од Волос до Атина и на многу други места – се’ во склад со слоганот на Хорти Експерт МК, наука и уметност во хортикултурата.

… ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина …

Писмо со благодарност од Американскиот амбасадор во Македонија

Со гордост кажувам дека ние сме единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина и учество во проектот за Амбасадата на САД во Коломбо-Шри Ланка.

Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум.

Сето тоа е резултат на комплетноста во работата со создавање на уникатни дворови и скапи производи и никогаш не се плашиме да ги понудиме на пазарот. Јас на мојот тим не им ги барав грешките, туку барав решенија бидејки секогаш ја имав големата слика на ум.

Понесен од една реченица која ја прочитав додека бев млад декa “Галебот што лета највисоко гледа најдалеку” успеав да го создадам најголемиот хортикултурен бренд на овие простори со име Хорти Експерт МК.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …