01.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Какво време не очекува наредните неколку денови

Какво време не очекува наредните неколку денови

Во следните пет до шест денови под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и натпросечно топло, особено на повисоките места и на планините. По котлините ќе има појава на магла, и таа понекаде ќе се задржи во најголем дел од денот, па така и температурите во овие места ќе останат пониски, информира Попоски.

Температурите во следниот пеиод ќе бидат повисоки дури за 8 до 10 степени од нормалните за овој период од годината. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот 8 до 15 степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, освен само на некои места каде ќе се спуштаат само за неколку степени под нулата.

Во Скопје и околината во следните денови ќе се создават услови за појава на магла и на ниска облачност. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓи -1 и 0 а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.

Според последните анализи со кој располагаме, за време на новогодишната ноќ и оваа година нема да имаме снежна идила и нови снежни врнежи, што значи дека вистинската зима ја очекуваме по нова година.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …