17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да се употребува минералното ѓубре

Како да се употребува минералното ѓубре

Складирање на минерални ѓубриња

– Ѓубрињата треба да се чуваат во оригиналните пакувања и во услови кои се потребни за нивно складирање, а се пропишани во Правилникот за ѓубриња и

упатствата од производителот.

-Треба да има воздушна оддалеченост од градби каде се чуваат производи за заштита на растенијата и ѓубриња, за да се спречи контаминација помеѓу ѓубрињата и производите за заштита на растенијата;

– Ѓубрињата не се чуваат со семенски и саден материјал;

– Заштита од влага на местата за складирање; тие треба да бидат добро проветрени и да бидат изолирани од дожд и кондензација. Покриениот простор да биде соодветен за заштита на сите неоргански ѓубриња, т.е. прашок, гранули или течности, од атмосферски влијанија, како на пример сончева светлина, мраз и дожд.

– Ѓубрињата треба да се чуваат на места оддалечени од свежи производи, расадници, храна за животни и храна за човечко конзумирање.

Несакани последици од ѓубрењето

– Доколку не се почитуваат правилата за транспорт, складирање и примена на ѓубрињата, се појавува губење на хранливи материи од почвата како резултат на филтрација, ерозија и површинско испирање или емисии во воздухот.

– Загадувањето на околината со тешки метали кои ги содржат ѓубрињата – Cl, Cd, Pb, Zn, Co, As, итн. Употребата на комунален и индустриски отпад како и ѓубриња кои содржат несакани елементи.

– Примената на ѓубрињата во земјоделството мора да се извршува според одредбите на Законот за ѓубриња.

Извор: Петар Трајковски, Советник во АПРЗ, за Зелена Берза

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …