17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да се употребува минералното ѓубре

Како да се употребува минералното ѓубре

Според составот се делат на: поединечни, мешани и комплексни.

Според агрегатниот состав се делат на: цврсти, течни и гасовити.

Според времето на користење: основни (кои се внесуваат при обработката), стартни (кои се внесуваат непосредно пред сеидба или за време на сеидба) и ѓубриња за прихранување (кои се внесуваат за време на вегетацијата).

Одредување на потребни количини на ѓубре и нивна употреба

1. Потребно е да се прави анализа на плодноста на почвата секои 4 до 5 година, од страна на овластени лаборатории, со цел да се воспостави и одржи правилен систем на ѓубрење или кога се менува начинот на искористувањето на почвата.

2. Хранливите состојки во ѓубрињата треба да се добро избалансирани, да се во согласност со препорачаните количини дадени во препораката за ѓубрење добиена со агрохемиската анализа на почвата. Се одредуваат во зависност од потребите на растението за хранливи состојки со цел да се постигне пресметаното ниво на жетвата и да се подесат во однос на содржината на хранливите состојки во почвата, достапни за растението. Недостатокот или вишокот на одредени хранливи состојки за растението може да предизвикаат негативен ефект.

3. Минералните ѓубриња треба да се аплицираат кратко пред растението да ги достигне максималните потреби од хранливи материи, согласно со препораката добиена од експертот за исхрана на растенија.

Прецизното и рамномерно расфрлање на ѓубривата е многу важно со цел да се постигне максимална корист од нивното внесување, во смисла на поголеми и поквалитетни приноси.

Рамномерно растурање на ѓубрињата е важно барање според стандардите на добрата земјоделска пракса.

4. Апликацијата на минерални ѓубриња не е дозволена доколку има можност за загуба на основните хранливи материи поради емисии во воздухот, површинско испирање или испирање во подземните води.

5. На есен, не смее да се користат минерални ѓубриња кои содржат азот за културите кои ќе се сеат или садат наредната пролет.

6. Минерални ѓубриња кои содржат азот не смее да се користат на замрзната почва или почва покриена со снег.

7. Не смее да се користат минерални ѓубриња кои содржат азот ако постои ризик од поплава на наѓубреното поле или ако почвата е заситена со вода до тој степен што може да дојде до појава на инфилтрација (кога влагата во почвата е близу до максималниот воден капацитет или има појава на водолежини).

8. На брановиден релјеф, ѓубрињата треба да се внесат во почвата веднаш по нивната употреба. Може да се остават на површината само ако растителната покривката е добро развиена.

9. На места каде нивото на подземните води ја достигнува површината, ѓубрињата може да се користат само кога нивото на подземни води е ниско и полињата се суви.

10. Не е дозволено ѓубрење во близина на брегови на реки, езера, канали, вирови и места кои впиваат вода. Користењето на ѓубрето е забрането на 10 m од брегот.

11. На песокливите почви со мала застапеност на органска материја и висока киселост, треба да се користи помалку ѓубре и се препорачува повеќекратно наѓубрување.

12. Земјоделското стопанство треба да ги евидентира набавката и употребата, особено податоците за: количина и вид на ѓубре, време и количина на внесено ѓубре, локација (парцела) каде се применува ѓубрењето.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …