17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Како да негувате болно цвеќе во саксија

Како да негувате болно цвеќе во саксија

Штом се забележат и најмалите знаци на заболување кај растението, треба да му се посвети поголема грижа и нега.

Полевањето треба да биде внимателно и умерено, бидејќи растението не може да го искористи истото количеството на вода кое би го користело кога би било здраво. Во спротивно може да дојде до трулење на коренот, а со тоа и до влошување на болеста. Често е потребно болното растение да се пресади во свежа земја, но и тука треба да се постапува внимателно, бидејќи многу растенија кога се болни не поднесуваат пресадување во нова земја.

Растението задолжително се пресадува кога болува од трулење на коренот или во случај кога земјата е толку лоша и исцрпена што во неа не би можело да оздрави и закрепне. При пресадувањето треба да се прегледаат жиличките и да се одсечат сите трули и изумрени делови. После ова растението треба да се стави во помала саксија во која ќе има што е можно полесна, односно попорозна земја измешана со песок. Така пресаденото растение се полева и се остава на топло и доволно осветлено место близу до прозорецот (но да биде заштитено од силно сонце).

Растението не смее да се става на темно место. Доволно светлина, изедначена топлина, свеж воздух и умерено поливање се главни услови за постепено оздравување на растението.

Види

Ова растение треба дома да го има секоја немажена девојка

Дома сите имаме цвеќиња и билки, но меѓу нив постојат такви кои кријат тајна за …