26.04.2024
Почетна / Градина / Како да ја задржите тревата свежа во текот на сувите денови

Како да ја задржите тревата свежа во текот на сувите денови

Топлото време неминовно ги остава своите траги врз растенијата. Малку повеќе грижи не се непотребни и за тревата.

Така таа ќе го поврати свежиот изглед. По жешките летни денови и летниот одмор, останува само една грижа во градината и тоа е тревата. Сега е време да ја засилиме и подготвиме тревата за во зима.

Вентилација: Првиот чекор кон оздравувањето на тревниците е нивното продубчување или проветрување.

Користете специјализирана машина, со која малку ќе ги кренете тревичките за да може меѓу нив да навлезе доволно кислород. Внимавајте на штетните габи и отстранете ги навреме. Можете исто така да ги исечете и тврдокорните стебленца на глуварчињата, млечките и сличните растенија.

Доцна сеидба: Ако забележите дека на некои места тревата има потреба од задебелување или надградба, можете слободно да посеете нови семиња. Влажната и топла клима во рана есен е идеален предуслов за брзото нивно проникнување. Додавајќи песочно-хумусна земја за цвеќиња, ќе се подобри не само растењето на тревата, но и искористувањето на корисните материи во почвата.

Ѓубрење: Не заборавајте да ја ѓубрите тревата редовно. Така ќе ја засили, и ќе го забрзате растот како и ќе потпомогнете во зачувувањето на свежата и зелена боја. Последната доза ѓубриво, која се става непосредно пред почетокот на зимата, треба да содржи повеќе калиум, а помалку азот. Специјалната количка за оплодување со дупки по дното помага за рамномерно разнесување на материите.

Долго косење: До крајот на сезоната во месец октомври тревата расте доста бавно, но сепак расте. Дури кога ќе падне снег, може да ја оставите во мирување. Дотогаш косете ја редовно.

Чистење: Остатокот трева, како и есенските листови, треба да се чистат редовно, за да не ја задушуваат.

Крајот на летото е најдобро време за сеење на новата трева. Семето не суши толку брзо како за време на најжешките летни недели. Од друга страна, температурите се уште не паднале под 10 ° Ц Овие два услови, земени заедно, се идеален предуслов за брзо и беспрекорно ‘ртење на семенцата.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …