17.02.2025
Почетна / Градина / Треви и тревни штетници (втор дел)

Треви и тревни штетници (втор дел)

(втор дел)

Поважни штетници:

Голем долгоног комарец „Tipulidae“

Тој е најчест штетник на ливади и тревници. На развојот на комарците им одговара влажно време, а се појавуваат веќе во рано лето. Благата зима исто така овозможува појава на голем број на овие инсекти, а сушни есени во голема мера го редуцираат нивниот број.

Ларвите на овие инсекти се хранат исклучиво со корењата на растенијата, па и оштетувањата се манифестираат во согласност со тоа. Најнапред се појавуваат знаци слични на оние што се гледаат кај недостигот од вода, а потоа растенијата добиваат сламнасто жолта боја и на крајот угинуваат.

Присутноста на овие инсекти во тревникот може да се провери на неколку начини, а еден од поефективните е да извадиме слој со големина 25 х25 см и дебелина 3-5 см, па откриената површина да ја залееме со солен раствор (2 кг сол на 10 л вода).

По третирањето од околу 30 минути се појавуваат ларви (ако ги има) и едноставно ги пребројуваме. Ако ги има повеќе од 7, на таа површина можеме да ги третираме со некој од инсектицидите на база на паратион.

Мравки

Тие се изразито социјализирани заедници, иако постојат неколку подсемејства во рамките на семејството со различни развојни степени на заедницата. Сите мравки се социјални инсекти. Најголема штета прават со изградба на своите мравјарници, уништувајќи го тревникот на местото на градбата. Друг начин на штета е естетскиот изглед и отежнатото одржување на теренот.

Мравјарницте главно се јавуваат на запуштени и лошо одржувани тревници, а тоа значи дека со редовно и правилно одржување проблемот со нив се решава лесно и ефикасно.

Дождовни глисти

Тие му припаѓаат на семејството Lumbriciae, кое опфаќа околу 15 видови. Неспорно е дека спаѓаат во групата на корисни организми. Помагаат во изградбата на органски материи и со тоа ја зголемуваат содржината на хумусот во почвата.

Правејќи каналчиња ја раситнуваат земјата и со тоа помагаат коренот полесно да се развива, а исто така ја зголемуваат воздушноста на почвата. Спротивно, понекогаш ги оштетуваат листовите на фините треви, го отежнуваат косењето, а бројните купчиња исфрлена земја грдо изгледаат на негуваниот тревник. Исто така го потпомагаат растењето и развојот на плевелот.

Активноста на глистата трае од пролет до есен, а во потопло време се продолжува до доцна во есен. Сузбивањето се спроведува првенствено со превентивни методи: отстранување на искосената трева од тревникот, развивање на pH вредноста со додавање на песок и примена на физиолошки кисели ѓубрива.

Крт- Talpa europea

Се храни со глисти и ларви кои се наоѓаат под површината на почвата, значи дека постои директна врска помеѓу активностите на глистите и појавата на кртови. Знаете и сами дека купишта исфрлена земја „убаво” изгледаат на тревникот. Кртовите посредно го оштетуваат, а штетите настануваат како последица на потрагата по храна.

Со намалување на бројот на глистите со веќе наведените мерки на одржување, како и со зголемено движење низ тревникот, мошне е голема веројатноста дека ќе ги избегнеме штетите настанати со активноста на кртовите.

Треба да се одбегнува убивањето на овие во основа корисни животни. Ако сакаме да ги истераме, тоа можеме да го направиме со помош на за нив непријатни мириси или електрични направи кои им прават непријатни вибрации, а енергија добиваат по пат на фотоќелии или од батериски влошки.

Доколку се случи преку ноќ да не изненади купче земја треба да го рашириме и да досееме тревна маса на тоа место.

Полжави

Тие прават штета оти се хранат со листовите на тревата и во случај на помасовна навала треба да се отстранат од тревникот. Ако сте доволно брзи, можете да ги фатите и едноставно да ги префрлите во дворот на соседот.

Оние побавните и кои имаат големи површини можат да употребат некои од хемиските средства.

Делотворно е вкопување на мали садови наполнети со пиво кое неодоливо ги привлекува.

(крај)

извор: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22820&PID=2664999#2664999

Види

„Професорите садат“ – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …