Светлина
Најдобро е да се постави блиску до прозорец низ кој продира сонце. Така на пример, подобро би било цвеќето да се постави на јужните или западните, одколку на северните прозорци од куќата или станот. Поинсетијата е тропско растение на кое му е потребна многу сончева светлина.
Топлина
За да се зачува цветот на Poinsettias колку што е можно повеќе, препорачливо е преку ден да се чува на топлина од 18 – 25 степени. Доколку температурата преку ноќ падне под 15 степени не значи дека ќе го повреди растението. Како и да е, доколку се дозволи лисјата од цвеќето да го допираат ладниот прозорец, може лесно да дојде до нивно оштетување и да се предизвика нивно предвремено паѓање.
Доколку сте виделе расцветана Поинсетија со неколку овенати ливчиња, значи дека цвеќето е изложено на премногу ниски температури или екстремни промени на температурата.
Вода
Цвеќето мора да се полева со вода секогаш кога со допир на површината ќе осетите дека е премногу сува. Овенувањето (пресушувањето) е уште една причина за пад на лисјата на цвеќето. Пресушеното цвеќе може да се оживее, но до целосно опоравување ќе мора да почекате до следната сезона.
Влажност
Недостатокот на влажност во воздухот за време на суви временски периоди, може да биде голем проблем за домажните цвеќиња. Ако просторијата во вашиот дом е премногу сува и цвеќето е изложено на директно светло, препорачливо е да го наводнувате често, а не е лошо и секој ден.
gradina.mk Gradina