17.05.2025
Почетна / Градина / Зелената салата и марулата го штитат здравјето на човекот

Зелената салата и марулата го штитат здравјето на човекот

Зелена салата или марула е умерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења.

Во Кина најчесто се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот. Познато е дека зелената салата го штити срцето и ги топите килограмите.

Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали.

Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета. Растението е храна за ларви на некои Пеперутки. Зелената салата има исклучително ниска калорична вредност, во 100 гр има само 15 калории. Таа има голем извор на бета каротен, фолна киселина, витамин Ц како и влакна, кои се неопходни за системот за варење. Содржи и витамин К кој учествува во создавањето на 4 од 13-те протеини потребни за процесот на коагулацијa.

Исто така таа обилува со минерали како што се калциум, железо, магнезиум, јод и бакар. Витаминот Ц и бета каротенот ја спречуваат оксидацијата на холестеролот.

Постојат стотици сорти на марули избрани по боја и облик на листот, како и по способност да стојат подолго. Погорките и попигментираните марули содржат антиоксиданти.

Путер салата има лабави глави; има путереста текстура. Овие се најпопуларни во Македонија и Европа.

Кинеските салата имаат долги, сабјести, главонеобразни листови, со горчлив и робусен вкус за разлика од западните видови на салати.

Кочанестата салата има цврсти, густи глави како кај зелката и овие се најслаби по вкус, а се користат повеќе заради крцкавата текстура отколку заради вкусот.

Бескочанеста салата е со нежни, меки и слаби по вкус лисја. Тука спаѓаат назабените и црвенкастите марули.

Римска салата е наречена и Кос, е главообразен тип со продолжени листови.

Батависката салата кои обликуват умерено густи глави со крцкава текстура.

Види

Кои се придобивките на џвакање саќе со мед

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи …