26.04.2024
Почетна / Градина / Eдно од најчестите растенија во домот – Бенџамин (Ficus benjamina)

Eдно од најчестите растенија во домот – Бенџамин (Ficus benjamina)

Бенџаминот (Ficus benjamina) е едно од најчестите растенија за домот. Може да го видиме насекаде во домовите и канцелариите, до излозите на продавниците.

Бенџаминот расте како дрво со овални сјајни листови.

Во нашата земја е типично домашно растение, но во топлите места се развива одлично и надвор. Може да растат доста големи ако му се обезбеди соодветна саксија, но потребна е добра дренажа.

Може да расте заедно со други растенија во саксија. Нај популарни се видовите:

  • „Golden King“ – каде рабовите на лисјата се жолтеникави.
  • „Midnight Lady“ – со темно зелени листови.
  • „Naomi“ – со темно зелени листови.
  • „Samantha“ – со темно зелени листови и светло зелени рабови на листовите.
  • „Starlight“ – имаат бело на работ на лисјата.

Се наводнува само кога горната почва е сува на допир. Ако Бенџаминот е во саксија во домот, треба да се зголеми влажноста на воздухот во зима. Најлесен начин е да ставите сад со вода на радијаторите и често да ги пулверизирате лисјата со млака вода. Уште подобро решение е ако ја ставите саксијата во поголем сад полн со камчиња и вода. На овој начин водата испарува и листовите ја добиваат потребната влага. Но треба да се внимава коренот да не биде постојано во вода, бидејќи може да изгние.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …