30.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјата

“Консолидацијата на земјиште прилагодена на специфичната ситуација во земјата е ефикасен инструмент за решавање на структурните проблеми со расцепканост на земјоделското земјиштето и малата површина на земјоделските стопанства. Искрено се надевам дека земјоделците и сопствениците на земјиште во 12-те избрани заедници активно ќе се вклучат во процесот на консолидација на земјоделското земјиште и на овој начин ќе стекнат корист од проектот”, изјави Мортен Хартвиген, Експерт за земјишни политики, од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија во Будимпешта.

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште”  – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Види

Јади гоџи бери, за да живееш 100 години!

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е …