Скопје повторно го живее својот алтернативен ритам – „Андерфест“ се враќа со седмото издание! Вечерва, Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде сцена на домашната рок и андерграунд сцена, со настапи полни со енергија, автентичност и музичка страст.
Во текот на седумте години постоење, „Андерфест“ се позиционира како еден од најважните фестивали за алтернативна музика во земјата, создавајќи простор каде бендовите ги споделуваат своите идеи, звук и дух со публиката.
LOST IN REVERIE, LSD DURING WAR, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК ќе ги презентираат своите уникатни музички светови и моќни настапи што оставаат без здив.
Организаторите најавуваат уште поголем продукциски квалитет, динамична атмосфера и простор кој го слави независниот дух. „Андерфест“ одамна надминува фестивалски рамки – тој е глас, симбол и заедница на домашната рок и алтернативна сцена.
Билетите се достапни на drugastrana.mk, а ќе се продаваат и на врата.

gradina.mk Gradina